tiffany jewelry nike shoes vibram five fingers

Цитати
“ ...Но ние ќе разговараме да создадеме општество ... засновано од индивидуалци, не од етнички групи, од граѓани, не од малцински групи... “
 
* * *
 
“ ...Да бидеш претседател и да бидеш свештеник е сосема иста работа. Мораш да ги соединуваш луѓето од различно потекло и со различни мислења. Луѓето се препираат и има многу навреди во црковните заедници исто така. Не треба само да им проповедаш, туку и да им служиш, да ги водиш, да страдаш со нив ... Јас имам многу важна  морална улога - да ги водам, да ги охрабрувам луѓето, да знаат што е добро, а што лошо и да ги натерам луѓето да си веруваат... “
Boris Trajkovski Boris Trajkovski Boris Trajkovski Boris Trajkovski
Верувам во Македонија
wedding dresses metin2 yang nike sb cheap wow gold juicy couture christian louboutin Aluminum foil replica handbags Swiss Replica Watches cheap jordans air jordans

Верувам во Македонија

Документарниот филм “Верувам во Македонија”, премиерно изведуван на Свечената Академија, посветена на одбележувањето на тригодишнината од трагичната смрт на претседателот Трајковски, е исклучително сериозна и издржана документарна приказна за животот и делото на претседателот Трајковски, прикажан преку неговата мисија што ја исполнуваше како претседател, но пред се како човек. Филмот ги прикажува мноштвото аспекти на неговата личност како обичен човек, во секојдневието, како верник и како политичар. Во плејада од уметнички осмислени изрази и начини на прикажување, преточени во мислата на дваесетмина еминентни светски и домашни личности, меѓу кои и неговите најблиски, членовите од фамилијата, како и фрагменти од најсугестивните говори на Трајковски, филмот претставува една исклучително богата и сугестивна визуелна приказна. Во останатите делови од филмот, кои не се директно сведоштво или исказ на познатите високи владини претставници или членови од фамилијата, е користен обемен и ексклузивен архивски материјал. Главното мото на филмот е вербата во Македонија, односно во нејзината иднина, што воедно беше и главен слоган на неговата кампања за избор на претседател на нашата држава.

   

Овој документарен филм, е пред се, во себе содржи мноштво информации за верувањата, мисијата, целите и задачите што ги имаше поставено пред сопствениот живот претседателот Трајковски и за кои безусловно се залагаше во текот на својата улога како Прв човек на нашата држава. Неговите постојани заложби да ги зближи луѓето, да ги натера да погледнат околу себе и подобро меѓусебно да се запознаат, да разменат меѓу себе што е можно повеќе информации за нивните различни култури, традиции, религии и начини на живот, да ги разменат меѓу себе принципите на владеење на нивните општества во кои живеат и со тоа, пред се, без резерва да ги прифатат овие меѓусебни различности. Неговата девиза беше дека прифаќањето на различностите и стапувањето во корелација со нив е првиот загарантиран чекор кон подобра иднина на сите нас.

        

Меѓудругото, со прикажувањето на ваквиот документарен филм ќе се предочат основните етички вредности во кои претседателот Трајковски силно веруваше, што подразбира обединување на сите општествени, социолошки и културолошки разлики и нивно интегрирање во еден единствен општенствен простор.

   


 

 

   
Моментално посетители: 1
Вкупно посетители: 65424


| Најава
 

© 2006, The Boris Trajkovski International Foundation