Како и во претходните шест години и оваа година Меѓународната фондација Борис Трајковски во соработка со гимназијата Нова објавува конкурс за доделување на три целосни и десет делумни четиригодишни стипендии за школување на талентирани ученици во учебната 2010/2011 година.
Критериуми за конкурирање:
Солидно познавање на англиски јазик; одличен успех од петто до осмо одделение; препорака од директор, од наставник по англиски јазик и наставник по избор; есеј на зададена тема; влезни тестови по англиски и математика; интервју со комисија за стипендирање.
Временски рокови:
- Рок за пријавување: 28. февруари до 11. март, од 08:00 до 16:00 час.
- Информативна средба во НОВА: 1. март од 17:00 до 18:30 час.
- Тестирање по англиски и математика во сабота, 13 март во Меѓународните училишта НОВА
- Интервју со комисија за стипендирање од 23 до 30 март
- Објавување резултати 9 април
Формулар за пријавување и информативен материјал (со критериумите за стипендирање) може да се добијат од Меѓународните училишта НОВА, или на веб:
http://www.nova.edu.mk/scholarships.htm